Челси се откажал од Ерлинг Халанд, „сините“ сметале дека напаѓачот не е доволно добар за Премиерлигата

by
1 минути читање

Манчестер Сити
оваа недела потврди дека има договор со Борусија Дортмунд за трансфер на Ерлинг
Халанд, Норвежанецот беше еден од најбараните играчи на трансфер пазарот.

Реал Мадрид,
Барселона и Баерн Минхен исто така се обидуваа да го ангжираат напаѓачот, а
според пишувањата на ЕСПН и Челси пројавил интерес, особено минатата сезона,
пред да биде купен Ромелу Лукаку.

Сепак, „сините“
решиле да не достават понуда откако скаутите имале одредени прашалници и
сметале дека Норвежанецот ќе се мачи во Премиерлигата. Скаутите верувале дека стилот
на игра на клубовите од Германија и тоа што одбраната стои високо овозможувало Ерлинг
Халанд максимално да ја користи својата експлозивност и сила, но на „островото“
ќе биде сосема друга приказна.

Клубовите во
Англија обично се бранат длабоко на својата половина и се игра прилично цврсто
во одбрана, па Ерлинг Халанд би можел да има потешкотии во прилагодувањето на
новата средина.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×