Челси доби специјална дозвола за работа по сакнциите кон Роман Абрамович, но „сините“ имаат многу ограничувања и не можат да продаваат билети.
Во поресрет на дуелот против Мидлзбро во ФА Купот, Челси достави барање натпреварот да се игра зад затворени врати за да се заштити спорткиот интегритет.
Мидлзбро бурно реагираше, порача дека потегот на Челси е бизарен и ироничен, а претседателот Стив Гибсон рече дека „сините“ се патетични.
Гласот го кренаа и навивачите на Челси, кои истакнаа дека ниту еден фан нема да има корист од ваквото барање.
Вечерва пристигна информација од ФА дека Челси го повлекол барањето по конструктивни преговори помеѓу двете страни. Од Фудбалската асоцијација исто така пренесоа дека се во постојан разговор со Челси, Премиерлигата и властите со цел да се изнајде решение со кое „сините“ ќе можат да продаваат билети, како за своите фанови, така и за гостинските.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.