Челси продолжува да губи бодови, Манчестер Сити убедлив против Њукасл (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По ремито со Евертон во минатото коло, Челси одигра нерешено и против Вулвс, овојпат без голови.

Во првиот дел Вулвс беше поблиску до водство, им беше поништен и гол поради офсајд.

Во второто полувреме комплетна доминација на Челси, но не беа создадени многу шанси за гол. Единствената сериозна ја имаше Пулишиќ кој се најде сам пред голманот на Вулвс, но тој го одбрани ударот.

За разлика од Челси, Манчестер Сити немаше проблем да стигне до трите бода, со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Њукасл.

Диаш уште во 5. минута ја најави победата, а Кансело во 27. минута зголеми на 2-0.

Уште два гола беа постигнати во второто полувреме а стрелци беа Махрез и Стерлинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани