Откако утрово беше објавено дека паднал договор за продажба на Челси на конзорциумот предводен од Тод Боли, бизнисменот од САД попладнево беше на Стемфорд Бриџ и го проследи дуелот против Вулверхемптон.
„Сините“ беа на добар пат да го израдуваат новиот газда, Лукако два пати погоди во период од две минути за 2-0, но „волците“ успеаја да го изненадат фаворитот во финишот.
Најпрво Тринкао намали на 2-1 во 79. минута за во 97. минута, дефанзивецот Коуди да се најде во улога на напаѓач и со глава да ја затресе мрежата на Челси за 2-2.
На останатите натпревари од 16 часот, Брентфорд со 3-0 го совлада Саутемптон, Астон Вила со 1-3 славеше кај Барнли а Кристал Палас со минимални 1-0 го совлада Вотфорд.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.