168
Интер одби 100 милиони евра плус Марко Алонсо, но според Фабрицио Романо, Челси се враќа со нова понуда.
Овојпат тие ќе понудат околу 120/130 милиони евра.
Челси му нуди на Лукаку и повеќегодишен договор со плата од 12 милиони евра по сезона.
Сините од Стемфорд Бриџ очајно посакуваат да купат елитен напаѓач, не им успеа со Халанд, па сега притискаат за Лукаку.
Ставот на Интер беше дека Лукаку не е на продажба, но ќе видиме дали ќе оддолеат на зголемувањата на понудите од Челси.