Челси доби дозвола да продава билети за мечевите од Лигата на шампионите, за полуфиналето од ФА Купот како и за женскиот тим. За домашните натпревари од Премиерлигата ќе може да се влезе само со сезонски билети.
При донесувањето на одлуката беше решено и дека профитот од влезниците нема да оди на сметка на Челси, туку на сметка на Премиерлигата.
Сепак Челси излезе со барање парите да завршат во хуманитарни цели за жртвите од војната во Украина, Премиерлигата го прифати ова барање.
„Премиерлигата ќе го добие и ќе го задржи профитот од продажба на овие влезници кој во нормална ситуација би оделе во Челси. Челси побара, а Премиерлигата се сложи, профитот да биде дониран во хуманитарни цели за жртвите од војната во Украина“, стои во соопштението од Премиерлигата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.