Челси на пенали го победи Виљареал и го освои Суперкупот на Европа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Освојувачот на Лигата на шампионите, тимот на Челси го освои и Суперкупот на Европа, фудбалерите на Томас Тухел со трофеј ја почнуваат новата сезона.

Челси одлично го почна мечот, тимот на Тухел притисна од самиот почеток, Виљареал одбра дефанзивна тактика.

Таквата игра донесе водство на Челси во 27. минута, по асистенција на Хаверц, Зијеш погоди за водство на Челси од 1-0.

Челси се задоволи со водство и работите на теренот почнаа да се менуваат, Виљареал стануваше поопасен.

Во самиот финиш од првиот дел Алберто Морено ја погоди пречката од голот на Менди.

На почетокот од вториот дел фудбалерите на Виљареал не искористија една грешка на Менди, Жерард Морено ја погоди стативата.

Жолтата подморница продолжи со нападите, а таквата нивна игра резултираше со гол на Жерард Морено во 73. минута за израмнување на 1-1.

До крајот на регуларните 90 минути речиси и да не се случи ништо, а слично беше и во продолженијата, се играше претпазливо и од двете страни, па пеналите требаше да го одлучат победникот.

Пред самиот крај на натпреварот Тухел во игра го стави Кепа за тој да брани во пенал рулетот и тоа се покажа како исправна одлука.

И пеналите беа неизвесни, трае дури осум серии во кои Кепа Аризабалага двапати одбрани, за разлика од Асенхо кој фати само една топка.

За Челси прецизни беа Аспиликуета, Алонсо, Маунт, Жоржињо, Пулишиќ и Ридигер, а промаши Хаверц. За Виљареал погодија Жерард Морено, Еступинан, Гoмез, Раба и Фојт, промашија Манди и Албиол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани