Изминатиов
викенд, Лестер го победи Челси на Вембли и стигна до трофејот од ФА Купот, но
вечерва „сините“ се реваншираа и славеа со 2-1 во Премиерлигата во натпревар
кој може многу да одлучи во битката за местата кои водат во Лигата на шампиони.
Избраниците на
Тухел беа подобар противник, имаа неколку шанси за гол и поведоа на стартот од
второто полувреме кога со доза на среќа, Рудигер ја затресе мрежата на Шмајхел
по еден прекин.
Жоржињо од пенал
донесе предност од 2-0 во 66. минута и се чинеше дека тука е решен натпреварот.
Сепак, десет минути подоцна, една грешка на Ковачиќ ги врати гостите во игра,
Ихеначо намали на 2-1 и донесе возбудлива завршница.
„Лисиците“ се
обида да стигнат до изедначување, Перез имаше зицер во последните минути но биеше
над голот.
Како изминуваше
времето, тензијата на теренот стануваше се поголема па во финишот дојде и до
кошкање и мешаница, но она најважното, резултатот остана непроменет.
Челси сега има 67
бода и сам ќе решава за сопствената судбина, додека пак Лестер ќе зависи од
резултатите на Ливерпул.