157
Арсенал важеше за фаворит во трката по Рафиња, но на крајот се чини дека Челси ја добива битката.
Последните информации велат дека Челси и Лидс се договориле за сума од околу 60/65 милиони фунти вклучувајќи и бонуси.
Главниот дел од сумата ќе биде платен веднаш.
Останува уште Челси да ги договори личните услови со Рафиња за трансферот да биде комплетиран. Се чини дека тоа нема да биде голем проблем иако се пишуваше дека фудбалерот преферира трансфер во Барселона.
Барса во моментов не може да си го дозволи Рафиња, а Челси сигурно ќе му даде финансиска понуда која нема да може да ја одбие.