Избраниците на
Сари покажаа дека имаат што да понудат оваа сезона и покрај тоа што го загубија
чекорот со водечките екипи. Вечерва Челси со 2-0 му го нанесе првиот пораз на
Манчестер Сити.
Гостите можеби
беа подобар противник во првиот дел но на пауза се замина со предност од 1-0 за
„Сините“. Канте доби топка на врвот од шеснаесетникот и биеше под пречката за
радост на домаќините.
Во продолжението
од мечот, „Граѓаните“ се обидоа да се вратат во игра, но не успеваа да се
заканат посериозно, а Челси од својот прв корнер стигна до 2-0 во 78. минута од
мечот. Давид Луиз скокна највисоко и ја смести топката во мрежата на својот
сонародник Едерсон.
По поразот во
Лондон, Манчестер Сити му го препушти првото место на табелата на Ливерпул, „Црвените“
со 42 бода се нови лидери, додека пак Челси се врати во топ четири.