Минатото лето, Челси издвојува голема победа на трансфер пазарот откако ги победи ривалите за потписот на Тимо Вернер.
Сепак, напаѓачот игра под очекувањата и има постигнато само пет погодока во Премиерлигата. И покрај тоа што Тимо Вернер забележа одреден напредок под водство на Томас Тухел, последните информации од Англија велат дека „сините“ го губат трпението и ќе се ослободат од играчот по само една година.
Челси планира да го понуди Тимо Вернер на Борусија Дортмунд за да ја намали цената на Ерлинг Халанд.
Норвежанецот во договорот има откупна клаузула од 75 милиони евра, но таа е активна дури во 2022 година, па Борусија Дортмунд летоска ќе бара многу повисока сума, Билд вчера пренесе дека се работи за бројка од 150 милиони евра.