Челси ја забележа најголемата гостинска победа во последните четири години, повторно настрада Барнли (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси со цел плен
се враќа од гостувањето кај Барнли, избраниците на Томас Тухел се мачеа во
првото полувреме, но во вториот дел, за кратко ги решија сите дилеми околу
победникот.

Рис Џејмс погоди
за 0-1 во 47. минута, пет минути подоцна Хаверц зголеми на 0-2, а истиот играч реализираше
по втор пат за 0-3 во 55. минута. Конечните 0-4 ги постави Пулишиќ во 69. минута.

За Челси ова беше
најголемата гостинска победа во Премиерлигата по 2018 години, интересно и тогаш
салавеше со 0-4 на „Трф Мур“.

На останатите
натпревари од 16 часот во Премиерлигата, Астон Вила со 4-0 го совлада Саутемптон,
Њукасл продолжува да се искачува на табелата со триумф од 2-1 над Брајтон,
Брентфорд со 1-3 славеше кај Норич, а Кристал Палас со 0-2 триумфираше кај Вулверхемптон.

На првиот денешен
натпревар, Лестер со 1-0 ја доби пресметката со Лидс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани