260
Соединетите
Американски Држави славеа убедлива победа од 1-4 кај Хондурас во мундијалските
квалификации во Северна и Централна Америка, а САД со една победа и две ремија
заостануваат два бода зад Мексико по трите кола во таа конкуренција.
Ѕвездата на
Челси, Кристијан Пулишиќ играше се’ до 62 минута од пресметката, а по мечот сите фудбалери добија слободни да
се вратат во сопствените клубови.
Челси реагираше
брзо, па така испрати приватен авион за да го врати својот фудбалер назад во
Лондон, а со тоа да биде на располагање на време во подготовките за мечот со
Астон Вила во четвртото коло од Премиерлигата.