75
„ЛиверпулЕхо“
известува дека Ливерпул под будно око ја следи ситуацијата со дефанзивецот на
Челси, Антонио Ридигер околу неговиот договор кој истекува идното лето, по што
би можел да биде слободен играч на трансфер пазарот доколку не се промени тој
статус.
Истиот медиум
додава дека во случај „Редсите“ да им се укаже прилика, ќе реагираат при првата
шанса, а се верува дека последната понуда која Челси му ја укажа на Германецот
за тој да потпише нов договор е 140 илјади фунти неделна плата.
Тоа што Ридигер
го бара од Челси за да ја продолжи соработката е близу 200 илјади фунти неделна
плата, а освен Ливерпул, интерес за услугите на 27 годишниот стопер имаат Реал
Мадрид, Баерн Минхен, но и Тотнем.