Челси има нова понуда до Ридигер

by
1 минути читање

Според информациите
кои пристигнуваат, се вели дека Челси има нова понуда за нов договор за
дефанзивецот Антонио Ридигер, чиј актуелен договор истекува на лето.

Специјализираниот
фудбалски портал „Гол“ тврди дека „Сините“ од Лондон му понудиле на Германецот
нова понуда која е близу бараната сума од 200 илјади фунти неделна плата на
фудбалерот, а понудата Челси ја доставил претходната седмица.

Се верува дека
Челси очајно посакува да се договори со 28 годишниот стопер за продолжување на
соработката, а со самото тоа да не загуби многу дефанзивци во летниот преоден
рок, со тоа што ќе си заминат Цезар Аспиликуета, односно Андреас Кристиансен, чии
договори исто така истекуваат на лето, а за двоецот сериозен интерес пријавува
Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×