Челси уште еднаш го победи Рен, овој пат на негов терен со 2-1, триумф кој ги носи понатаму и покрај тоа што имаат уште два натпревари до крајот.
Сините поведоа со гол на Хадсон Одои во 22. минута од мечот, тој резултат беше актуелен до 85. минута кога Гуираси погоди со глава и донесе надеж за Рен дека можат да го добијат овој дуел.
Но Оливие Жиру погоди со глава во судиското продолжение и го однесе Челси во осминафиналето.
Слично беше и на мечот меѓу Краснодар и Севиља, и таму гостите победија со 2-1 со гол во судиското продолжение.
Мечот го отвори Ракитиќ во четвртата минута, а по десет минути игра во вториот дел Вандерсон го изедначи резултатот.
Победата за Севиља ја донесе Ел Хадади во 95. минута.
По четири одиграни кола Челси и Севиља се на првите две места со по десет бодови, Краснодар и Рен имаат по еден бод.