Домаќините
доминираа во вечерните три меча од осминафиналето во Лига Европа. Челси и
Наполи со една нога се во следната рунда откако со идентични 3-0 триумфираа над
Динамо Киев односно РБ Салцбург.
Педро ги донесе
„сините“ во водство во 17. минута, Вилијан од слободен удар зголеми на 2-0 во
65. минута за во последните мигови Одои да го постави конечниот резултат.
Во Неапол,
домаќините одлично го отворија мечот и по 20 минути веќе водеоа со 2-0 со
головите на Милик и Руиз. На стартот од вториот дел, Онгене си постигна автогол
за 3-0.
На Местаља,
Родриго со два гола донесе водство за Валенсија од 2-0 на полувремето, но
Краснодар реалзираше во 63. минута, па патникот во осминафиналето ќе се решава
следната недела во Русија.