Челси и Ливерпул пет кола имаат исти резултат, „сините“ со 0-3 го добија дербито со Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси и Ливерпул
пет кола имаат исти резултати и гол разлика 12-1, вечерва „сините“ со 0-3 си заминаа
од гостувањето кај Тотнем.

По прво полувреме
без погодоци, резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Тијаго Силва
скокна највиско по еден корнер и донесе предност од 0-1.

Во 57. минута,
Канте зголеми на 0-2. Французинот биеше од врвот на шеснаесетникот, топката
закачи еден од играчите на Тотнем, го смени правецот и заврши во мрежата.

Конечниот
резултат беше поставен во последните минути од мечот, Рудигер беше во улога на
напаѓач, одлично се отвори да прими топка на 11 метри и биеше прецизно за 0-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани