Челси и Кристал
Палас во недела ќе се сретнат на Вембли во полуфиналето од ФА Купот, „орлите“ нема
да можат да сметаат на еден од своите најдобри играчи оваа сезона, Конор
Галагер.
Фудбалерот од
средниот ред е во сопственост на Челси, сезоната ја игра на позајмица во
Кристал Палас, и како дел од договорот, не смее да игра против „сините“.
Кристал Палас
испрати посебно барање за исклучок од оваа клаузула за мечот на Вембли, но
Челси го одби.
„Имав прилика да
разговарам со Конор, можев да ја видам неговата фрустрација. Сосема случајно се
сретнавме пред неколку недели во ресторан, разговаравме и оваа тема некако беше
неизбежна“ – вели Томас Тухел
„Му се извинив,
знам каков натпреварувачки дух има, но правилата се такви. Можам да го разберам
неговото разочарување, но такви беа условите кога ја договоривме позајмицата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.