Челси е подготвен да го продаде Томори на Милан, но сумата која ја бараат е висока за росонерите

by
0 минути читање

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Челси е подготвен да го даде Томори на позајмица во Милан до крајот на сезоната со опција за купување за 30 милиони евра.

Но сумата која ја бара Челси е проблем за Милан, тие сметаат дека таа е превисока за дефанзивецот.

Томори стана главен кандидат за дефанзивата на Милан откако нивниот прв пик, Мхамед Симакин одлучи да оди во Лајпциг, но имаше и повреда на коленото поради која уште два месеци ќе биде во аут.

Преговорите меѓу Милан и Челси ќе продолжат, италијанскиот клуб се надева дека ќе издејствува намалување на цената.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×