Во разговор со магазинот
„ВИ“, Роналд Куман говореше за тоа како Лео Меси ги прикривал сите проблеми на
Барселона и придонесувал сите останатите да изгледаат подобро од тоа што се.
Холанѓанецот сега
открива колку компетитивен дух имал Аргентинецот и како цела недела бил лут и
се однесувал како тиранин само поради тоа што загубил на тренинг.
„На тренинзите
кога тренираме шутирање, има играчи кои упатуваат лесни топки, се глупираат…
но со Меси, само гледаш: бум, бум, бум. Кај него нема непотребни потези,
секогаш само фунционалност. И секогаш сака да победи во се“ – вели Роналд Куман.
„Пред почечтокот
на тренинзите играме „во средина“. Доколку топката помине 20 пати, фудбалерите
во средина ќе одработат уште еднаш. Доколку тоа им се случи три пати по ред,
играчите ќе формираат две линии и двајцата кои биле во средина поминуваа и
добиваат „заушки“ по глава“.
„Го прашав Меси
дали му се има случено ова, тој ми одговори, „Да, само еднаш“. Во сите тие
години! Со него, постарите фудбалери никогаш не загубиле на тренинг од помладите.
Се случи еднаш и Меси беше сериозно лут цела недела. Се однесуваше како
тиранин“.
„На тренинзите
понекогаш вежбаме прецизност, треба да шутнете топка во мал гол или блиску до
статива. Пред некој ден, Ансу Фати шутна три метри на страна, и тоа само поради
што му недостасува концентрација. Но немаше да му се случи тоа доколку Меси
беше тука“.