Цел преоден рок се поврзуваше со Интер, а на крајот ќе замине во Јувентус

by
0 минути читање

Бремер цел преоден рок се поврзуваше со Интер кој чекаше да го продаде Шкринијар и да го купи Бразилецот од Торино.

Но, додека Интер чека, Јувентус реагира. Матијс де Лихт оди во Баерн Минхен, а старата дама веднаш најде замена за него во Бремер.

Се шпекулира дека Јувентус за Бремер ќе плати 40 милиони евра, а неговата плата ќе биде 4,5 милиони евра годишно.

Бремер не мора да го менува живеалиштето, ќе се пресели во градскиот ривал на својот сегашен клуб, но за навивачите на Торино тоа ќе биде оценето како предавство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани