„Чекаме да видиме што ќе направи Барселона, но доколку Лаутаро замине, Интер ќе донесе топ напаѓач“

by
1 минути читање

Бепе Марота
денеска даде неколку интервјуа за медиумите од Италија и неизбежна тема беше
Лаутаро Мартинез. Напаѓачот е желба на Барселона и со месеци се пишува дека тој
ќе се пресели на Камп Ноу.

„Интер нема желба
да го продаде Лаутаро. Се работи за млад фудбалер со блескава иднина и важен елемент
од плановите на Конте. Но секако, има откупна клаузула во неговиот договор…“

изјави директорот на „нероаѕурите“ во интервју со Газета дело Спорт.

„Не знам што мислат
во Барселона, можеби имаат и други алтернативи… Се надевам дека нема да ја
активираат откупната клаузула. Но во случај на разделба, на местото на Лаутаро
ќе пристигне големо засилување, топ напаѓач“.

Попладнево, во разговор
со Скај Италија, тој рече: „Лаутаро е интересен млад фудбалер кој станува шампион
благодарејќи на Конте, поддршката од клубот, и секако неговиот талент и напорна
работа. Интер како и сите други клубови, не сака да ги продава своите најдобри
играчи“.

„Но тука е откупната
клаузула која истекува на 7. јули. Чекаме да видиме што ќе направи Барселона“.

Од она што до сега се пишуваше низ медиумите, Барселона нема намера да одвои 111 милиони евра, и сака да плати 60-70 милиони евра плус да испрати еден или двајца фудбалери во спротивен правец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×