Чеферин за Перез: Тој сака претседател послушник, јас работам за општото добро на фудбалот

by
1 минути читање

Доста превирања
имаше во европскиот фудбал изминатите неколку денови откако во неделата 12
клубови потврдија учество во т.н. Европска Супер Лига, што ги налути челниците
на УЕФА и ФИФА, меѓутоа и поголемиот дел од љубителите на фудбалот, а особено
реакциите во Англија беа бурни.

По жестоките
реакции од јавноста, Суперлигата се суспендираше уште незапочната, а по сите
случувања се постави и прашањето околу тоа дали воопшто би се играло
полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Челси, и двата клуба
беа дел од т.н. Суперлига, на што одговор даде првиот човек на УЕФА, Александер
Чеферин.

Клучниот момент
е фактот што сезоната е во тек веќе, почната е, така радиодифузерите веднаш би
дошле кај нас за штетата која ќе биде направена доколку ние не ги одиграме
полуфиналните натпревари
“ изјави Словенецот.

Така, постојат
мали шанси да тој натпревар не биде одигран идната седмица, но, работите би
можеле да бидат помалку различни во иднина
“ додаде тој во изјавата за
словенската телевизија „24УР“

Меѓу другото,
Чеферин беше запрашан и за коментарите на првиот човек на Реал Мадрид,
Флорентино Перез кој посочи дека никогаш не посакува УЕФА да има таков
претседател како Словенецот.

Тоа е
дополнителен поттик за мене да останам, тој сака претседател кој постојано ќе
се согласува со неговите идеи и заложби, кој воедно би му бил негов послушник,
кој би правел тоа што тој посакува да се прави, јас го правам тоа што е добро
за Европскиот и светскиот фудбал
нагласи Чеферин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×