ФИФА има предлог Светското првенство наместо на четири, да се игра на секои две години.
Европските клубови не се согласуваат со ваквата идеја, а според зборовите на Чеферин, не се согласни ниту во Јужна Америка.
Тоа значи дека ќе има многу повеќе репрезентативни натпревари, ќе се зголеми бројот на мечеви за фудбалерите, а многумина сметаат дека ќе падне и тежината на Светското првенство ако тоа се оддржува почесто.
„Плановите на ФИФА за СП на две години ќе бидат блокирани од УЕФА и КОНМЕБОЛ дури и ако добијат поддршка од останатите фудбалски асоцијации“, изјави Чеферин за Ројтерс.
„Предлогот би им наштетил на сите форми на фудбалот и на самото натпреварување. Концептот ги има сите карактеристики на одлука која УЕФА сака брзо да ја донесе и да остави фудбалскиот свет горко да жали за тоа“.
„УЕФА ќе продолжи да се спротивставува додека не преовлада здравиот разум и не се напуштат плановите“.