Чеферин потврди: Играчите кои ќе играат во Суперлигата нема да играат за своите репрезентации, можеби нема да играат и на ова ЕП

by
1 минути читање

УЕФА ќе води жестока војна со Суперлигата и ќе се обиде на сите можни начини да го спречи ова затворено натпреварување на богатите клубови.

Денеска УЕФА имаше состанок, а претседателот Александер Чеферин уште еднаш ги потврди ставовите кои и претходно излегоа во вид на соопштение.

„Фудбалерите кои ќе играат во тимови кои настапуваат во затворена лига ќе добијат забрана за настап на Светски и Европски првенства“, вели Чеферин.

„Дали тоа ќе се случи од ова ЕП? Нашиот правен тим ја разгледува таа можност“.

„Не можам посилно да кажам како сите се обединивме протоив овие срамни, себични и алчни идеи“.

„Сите сме обединетии против овој бесмислен проект. Циничен план, комплетно против тоа што треба да биде фудбалот. Не можеме и нема да дозволиме тоа да се промени“.

„Ги повикуваме сите даа застанат со нас, не правиме се што е во наша моќ за да го спречиме ова“.

„УЕФА дистрибуира 90% од заработката назад во фудбалот, во детски фондации, во женските и младинските екипи. Суперлигата е натпреварување само за неколку. УЕФА е за фудбалот. Обединетоста не постои, само нивните џебови“.

„Сакам да им се заблагодарам на лигите, клубовите, со исклучок на 12. Би сакал да им се заблагодарам на Борис Џонсон и Макрон кои ги испочитуваа европските вредности. Нема да им дозволиме да ја земат идејата од фудбалските вљубеници“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани