Чеферин: Не знам зошто уште не се казнети Ал Келаифи и Леонардо за инцидентите во Мадрид

by
1 минути читање

УЕФА отвори постапка против двајцата, но се уште нема резултат, не се знае дали воопшто ќе бидат казнети иако тоа што го правеа е недозволиво за натпреварувања од највисоко ниво.

Во интервју за „АС“, Чеферин меѓудругото беше прашан и за овој случај, зошто уште нема казни за челниците на ПСЖ.

„Од тоа што го знам и што мислам дека беше објавено, УЕФА отвори дисциплинска процедура по натпреварот. Сега независниот дисциплински комитет треба да се справи со случајот и да одлучи. Не знам до која фаза е процесот и не сакам да знам. Не е фер да прашувам за случаи кои се во тек. Никогаш не сум го направил тоа и нема да го направам“, рече Чеферин.

Многумина сметаат дека УЕФА го штити ПСЖ, дека овој клуб има посебни привилегии бидејќи го сврте грбот на Суперлигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани