Претседателот на
УЕФА, Александер Чеферин за време на 45 конгрес во Монтро, Швајцарија, се
обрати директно до т.н. „голема шесторка“ во англиската Премиерлига, односно
Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Тотнем и Челси по повод
случувањата со Европската Супер Лига.
„Господа,
направивте огромна грешка, некои ќе кажат дека ова е алчност, некои презир,
ароганција, безгрижност, комплетно игнорирање на англиската фудбалска култура,
но, всушност, тоа не е важно“ рече Чеферин.
„Тоа што е важно
е дека се уште постои време за да се предомислите, сите прават грешки,
англиските навивачи заслужуваат да ги корегирате грешките, тие заслужуваат
почит“ додаде Словенецот во своето излагање.
Се шпекулира дека по огромниот наплив на негативна енергија за новото натпреварување, особено на Островот, дел од клубовите се ставиле во сериозни дилеми околу своите одлуки, „Билд“ извести дека во Ливерпул постои големо двоумење по огромните реакции на навивачите, a „Спортсмејл“ подвлече дека постои колебливост во Челси и Манчестер Сити.