Кога Чави Ернандез
во понеделникот беше промовиран како наследник на Роналд Куман, порача дека
неговата работа ќе се базира на „дисциплина и високи стандарди“.
Според пишувањата
на АС, Чави воведува 10 правила до кои треба да се придржуваат фудбалерите и
тренерскиот персонал.
Како прво, играчите
треба да доаѓаат час и половина пред почетокот на тренингот. Како второ, соработниците
на Чави и луѓето од персонал треба да дојдат два часа пред почетокот на
тренингот.
Како трето,
фудбалерите ќе мора да појадуваат и ручаат во тренинг комплексот, од утре, сите
ќе треба да јадат во кантината под надзор на нутриционстите од клубот. Правилната
исхрана треба да помогне за што помал број на повреди и подобрување на
физичката подготвеност.
По заминувањето
на Луис Енрике, изчезнаа казните со образложение дека фудбалерите се
професионалци и знаат што треба и што не треба да прават. Чави од прва рака
знае како е кога ситуацијата е релаксирана (под водство на Рајкард) и кога има
строги правила (под водство на Гвардиола), верува дека оваа втората опција е
исправна, па како четврото ги враќа казните.
И не само што
казните ќе бидат вратени, како петто, тие ќе се зголемуваат доколку фудбалерот продолжува
да ги прекршува правилата. На пример, за прво доцнење на тренинг се плаќа 100
евра, а доколку ваквото однесување продолжи, казната ќе скокне на 200 евра, па
на 400 евра итн. Во времето на Луис Енрике, имало играчи кои плаќале и казна од
по 6.000 евра.
Како шесто, Чави воведува „полициски час“, па деновите пред натпревар (два дена) играчите не
смеат да бидат надвор по полноќ, односно тие да имаат мирен животен стил на 48
часа пред натпреварите.
Како седмо, Чави
смета дека меритократијата е едниствениот пат кон успехот, па само оние кои прикажуваат
најмногу и се најпосветени на тренинзите ќе бидат во конкуренција за старт од
првата минута. Останатите ќе бидат дел од клупата за резерви или во најлош
случај, ќе гледаат од трибините.
Како осмо, ќе
бидат ограничени активностите надвор од фудбалските терени, и нема да се
толерираат активности кои влијаат врз перформансите. Доколку некој сака да замине
на подолго патување со авион, ќе треба да побара дозвола од тренерот.
Како девето, ќе
бидат забранети активностите од визиок ризик како сурфање, сноуборд или возење
електричен велосипед.
Како десето,
играчите мора да бидат позитивни амбасадори на клубот и да се однесуваат
пристојно.