Чави веќе избриша едно име од актуелниот состав на Барселона

by
1 минути читање

Престојот на Лук де Јонг во Барселона ќе заврши побрзо отколку што посакуваше Холанѓанецот, тој не е во плановите на Чави.

Лук де Јонг дојде во Барселона по барање на Куман, но досега не покажа дека вреди што е таму.

Де Јонг одигра само седум меча за Барселона, постигна еден гол. Во ниту еден од мечевите на настапи полни 90 минути, и во сите тие перформансите му беа оценети како лоши.

Напаѓачот во Барса дојде на едногодишна позајмица од Севиља, но Каталонците сега ќе сакаат да го вратат порано.

Чави веќе разгледува нови опции за нападот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани