Чави со шеикот ќе преговара и од името на Барселона

by
1 минути читање

Чави ќе има состанок во палатата на Мохаме бин Калифа ал Тани каде ќе преговара за негово заминување од Ал Сад и преселба во Барселона.

Тој ќе преговара и од името на Барселона. На вчерашниот состанок кој го имаше со претставниците на каталонскиот клуб, добил дозвола да разговара и од нивно име.

Жоан Лапорта не планира да отпатува во Доха и директно да го договара ангажманот на Чави, па тренерот ќе биде тој кој ќе го пренесе ставот на Барселона со која веќе ги договори личните услови.

Барселона не сака да плати 5 милиони евра колку што чини откупната клаузула за Чави, туку нуди други алтернативи како што е пријателски натпревар меѓу двете екипи.

Во текот на денешниот ден се очекува да се знае дали Чави ќе стане нов тренер на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани