178
Името на Чави повторно е актуелно во последниве денови, се најавува дека легендата на Барса ќе го наследи Роналд Куман на кормилото на „каталонците“.
Чави попладнево се врати во Барселона по две години во Катар, па сосема очекувано на аеродромот беше пречекан од огромен број на новинари.
Сите сакаа да дознаат нешто повеќе но Чави постојано инсистираше дека не знае ништо за преговорите со Барселона и можноста да седне на тренерското столче на Камп Ноу.
„Не знам ништо, дојдов тука на одмор“ – беа зборовите кои тренерот ги повтори неколку пати.
За медиумите интересно е тоа што Чави пристигнал со 22 куфери, бројка која е многу висока за некој што доаѓа на одмор.