Чави ќе биде
новиот тренер на Барселона, ова го пренесоа неколку извори од Шпанија. Стратегот
и раководството на „каталонците“ се договориле тој да седне на кормилото на
Камп Ноу.
Сега останува
Чави да седне на маса со лидерите на Ал Сад и да се договорат за прекин на
соработката. Се говори дека тој ќе го води тимот на уште два меча, ќе се
поздрави со навивачите и потоа ќе замине за Шпанија.
Во Барселона,
Чави ќе пристигне со својот стручен штаб, неговиот брат Оскар, асистентот Серхио
Алегре и фитнес тренерот Иван Торес.
Се шпекулира дека
Чави веќе побарал две големи засилувања, и ангажман на Рахим Стерлинг и Жул
Кунде во јануари. „Каталонците“ имаат ограничени средства за настап на трансфер
пазарот, па останува да се види дали ќе можат да му ги исполнат желбите.