Усман Дембеле кој одби да го продолжи договорот со Барселона, се препороди под водство на Чави и во последните натпревари игра во голема форма.
Тоа ги подгрева надежите кај фановите на Барса дека тој може да се предомисли и да остане во клубот и покрај тоа што се шпекулира дека веќе има преддоговор со друг клуб.
Од друга страна пак, Адама Траоре игра на позајмица во Барселона до крајот на сезоната по што клубот ќе одлучи дали ќе го откупи комплетно или нема да го ангажира.
Буџетот на Барселона е лимитиран, па Чави би можел да се најде во ситуација да бира кој од Дембеле и Траоре да остане во клубот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.