Чави откри зошто ДВАПАТИ ја одбил Барселона

by
1 минути читање

Името на Чави често се поврзуваше со Барса изминатиов период, се говореше дека легендата на „каталонците“ ќе го наследи Роналд Куман по лошата сезона.

Сепак, ваквите најави не се реализираа, пред два дена, Жоан Лапорта соопшти дека Роналд Куман останува на клупата.

Во разговор со „Ла Вангвардија“, Чави сега говореше искрено на оваа тема и откри дека два пати ја одбил Барса.

„За среќа или несреќа, два пати и кажав НЕ на Барселона поради најразлични причини… семејни, професионални, договорни… Не ми беше лесно да кажам НЕ бидејќи сум голем фан, но ова не е прав момент да го превземам кормилото“ – вели Чави.

„Кога пристигнав во Барселона, новинари ме чекаа на аеродромот. Веднаш почнав да добивам пораки, пријателите ме прашуваа дали ми кажале нешто. Немаше ништо, како прво бидејќи Барса има тренер во името на Куман и мораме да го почитуваме, и како второ, јас не се брзам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани