Чави откри каква е ситуацијата на Ансу Фати

by
1 минути читање

Ансу Фати доживеа
нов пех против Атлетик Билбао во Копа дел Реј, Чави денеска потврди дека се
работи за истата повреда поради која напаѓачот паузираше два месеци и само што се врати на терените.

Се говори за
можноста Ансу Фати да биде опериран и да паузира подолго време, конечната
одлука ќе биде донесена во понеделник.

„Ансу е
разочаран, се работи за тешка ситуација, во понеделник ќе имаме нова средба и
ќе донесеме одлука. Веќе разговаравме со неговото семејство, ситуацијата е тешка
се работи за обнова на повредата“
– вели Чави.

„Докторите ми
кажаа дека може да одигра 30-35 минути, плановите ги поремети тоа што мечот
отиде во продолженија. Го прашавме дали се чувствува добро и дали може да
продолжи, тешко се контролираат ваквите работи“.

„Ќе се обидеме да
креираме специфичен план за тој никогаш повеќе да не се повреди и да биде 100%
фит. Во понеделник ќе седнеме на маса со докторите, со неговото семејство и ќе
видиме што треба да се прави“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×