Барселона не успеа да ја победи Бенфика и се стави во комплицирана ситуација за пласман во осминафиналето. Доколку Бенфика го победи Динамо Киев во Лисабон, тие ќе мора да го победат Баерн во Минхен за да одат понатаму.
Чави верува дека Барселона има капацитет да се радува на победа во Минхен.
„Бевме далеку подобри од Бенфика, но не дадовме гол. Доколку постигневме еден гол, тогаш ќе зборувавме дека ова беше одличен меч, но освоивме само еден бод и тоа не е доволно“, изјави Чави по мечот.
„Ни останува уште едно коло и во Минхен ќе одиме на победа. Ние сме Барселона и во Минхен одиме да го победиме Баерн. Работите зависат од нас“.
„Мислам дека стануваме Барселона која сакаме да бидеме, играчите ја сфаќаат идејаа, но се разбира, ни фали ефикасност. На два натпревари дадовме само еден гол и тоа од пенал. Мора да бидеме поефективни“.