За прв пат по
сезоната 2000/01, Барселона нема да игра во нок-аут фазата од Лигата на
шампиони. По поразот во Минехн, и победата на Бенфика против Динамо Киев,
„каталонците“ се елиминирани од најелитното европско натпреварување и ќе
продолжат во Лига Европа.
„Вечерва Баерн
беше подобар, супериорен. Се обидовме да ги притиснеме силно и високо, да им ја
одземеме топката, но не можевме ништо“ – вели Чави.
„Им кажав на
играчите дека почнуваме нова етапа, дека мораме да бараме повеќе од самите
себе, дека ова мора да биде пресвртна точка, заедно да ја промениме динамиката
и многу други работи“.
„Во моментов не можевме да се надигруваме со топ тим, и наша реалност е дека сме тим за Лига Европа. Ситуацијата е болна, но тоа е реалноста“.
„Но ова не смее
да се повтори, мораме да ја вратиме Барселона на славните патеки“.
„Денеска
почнуваме од нула, ќе работиме напорно да го вратиме клубот онаму каде што припаѓа,
а тоа не е Лига Европа, треба да играме за триумф во Лигата на шампиони“.