Чави: Не ме загрижува тоа што некои играчи не сакаат да си одат, ме загрижува тоа што не можеме да го регистрираме Кунде

by
1 минути читање

Од новите засилувања кои ова лето ги донесе Барселона, остана да не биде регистриран уште дефанзивецот кој дојде од Севиља, Кунде.

Тој има и клаузула во договорот според која може слободно да си замине доколку не биде регистриран до крајот од преодниот рок.

За да се регистрира Кунде, треба да замине некој од фудбалерите на кои не смета Чави, а во Барса малку потешко си заминуваат играчите поради големите плати кои ги имаат.

„Не ме загрижува тоа што фудбалери не сакаат да си заминат, секој си гледа за својата иднина, тоа што ме загрижува е неможноста да го имам Кунде. Се надевам дека до следното коло случајот ќе биде решен“, изјави Чави по вчерашниот меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×