Барселона му постави
ултиматум на Осман Дембеле, да го продолжи договорот или во јануари да замине
од Камп Ноу. Напаѓачот ниту прифати нова соработка, ниту пак си најде нов клуб
во зимскиот преоден рок и само дополнително го налути раководството на „каталонците“.
Жоан Лапорта и
неговите соработници меѓу редови навестуваа дека нема иднина за Осман Дембеле и
Французинот ќе дреме на трибини до крајот на сезоната, но последните информации
велат дека Чави ќе биде тој ќе го има последниот збор.
Чави претходно велеше
дека секој што има договор треба да игра, и АС пренесува дека тренерот успеал
да го убеди претседателот дека е најдобро Осман Дембеле да игра и фудбалерот ќе
се најде во составот за дербито со Атлетико Мадрид.
Дани Алвеш
денеска ја прокоментира целата ситуација и советуваше Барселoна да го искористи
најдоброто од Осман Дембеле додека тој е дел до клубот.
„Се додека тој е
дел од Барселона, клубот треба да смета на него. Доколку замине по крајот на
сезоната, во ред… но до тогаш има уште пет месеци и треба да го искористме
фактот дека тој е тука. Во одредени ситуации треба да бидете паметни, да не
дозволите егото да ги диктира одлуките“ – вели Бразилецот.
„Се обидуваме да
ја вратиме Барселона на врвот, да креираме здрава и позитивна атмосфера. Негативните
работи не ви помагаат да напредувате“.