Чави: Имавме среќа, Виљареал не заслужи да загуби

by
0 минути читање

Барселона не блескаше, далеку од тоа, Виљареал беше тимот кој имаше доминација, но Каталонците беа поефикасни и на крајот победија.

„Би рекол дека страдавме многу на овој меч и Виљареал не заслужи да загуби“, рече Чави по натпреварот.

„Имавме среќа. Требаше повеќе да ја контролираме топката и да доминираме. Но како и да е, овие три бода се важни за нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×