Прашање на часови
е кога Чави ќе биде соопштен како наследник на Роналд Куман, доцна вечерва, Жоан
Лапорта на средба со фановите потврди дека легендата се враќа на
Камп Ноу.
„Чави ќе биде
нашиот тренер, се финализира договорот“ – порача претседателот на Барселона.
Според Онза, на
преговорите во Доха, Чави поставил три услови. Тој е загрижен поради големиот
број на повреди, па верува дека мора да има промени во медицинскиот тим. Се
најавува враќање на докторот Рикард Пруна, кој 25 години беше дел од клубот.
Чави исто така сака
со себе на Камп Ноу да го понесе целиот персонал од Ал Сад, односно помошниците Оскар (неговиот брат) и Серхио Алегре, фитнес тренерот Иван Торес, физиотерапевтот Карлос Ногеира и скаутите Давид Пратс, Тони Лобо и
Серхио Гарсија.
Третото барање е
поврзано со трансфер пазарот, Чави смета дека крилата се клучни во неговата
фолозофија, среќен е што Осман Дембеле полека се враќа, но доколку има пари, сака
да биде донесено засилување во јануари. Рахим Стерлинг е една од желбите, но
има уште неколку други имиња.