Мечот имаше многу тензија, особено во финишот кога Пике и Меламед заработија црвени картони.
Додека фудбалерот на Еспањол го напушташе теренот, Араухо кој во тој момент беше на клупата на Барселона, му гестикулираше дека ќе испаднат во втората лига. Камерите го фатија тоа.
Чави по натпреварот го видел инцидентот кој се случуваше позади неговиот грб и го натерал Араухо јавно да се извини. Тој го направи тоа преку социјалните мрежи.
„Сакам да им се извинам на сите луѓе во Еспањол поради несреќната гестикулација која ја направив за време на мечот. Тоа беше резултат поради големате тензија која се случуваше за време на дербито. Себеси се гледам како личност која има почит кон ривалите и тоа е причина поради која не сум горд на она кое се случи на мечот“, напиша Араухо.
Ronald Araújopic.twitter.com/90bV5mvebq
— Juli Claramunt (@juliclaramunt) February 13, 2022