Во Барселона го
почнаа процесот на реконструкција на тимот, кој би можел уште во јануарскиот
преоден рок да добие нови имиња, еден од нив е секако Феран Торес од Манчестер
Сити, за кого се шпекулира дека веќе се согласил на договор со Каталонците,
каде би имал помала плата од актуелната.
„Марка“ известува
и дека Барселона посакува да ги реши сите дилеми околу десната бековска
позиција, а тоа Каталонците би го сториле со ангажман на фудбалерот на Челси,
Цесар Аспиликуета.
Актуелниот
договор на 32 годишниот
шпански дефанзивец со Челси истекува идното лето, а иако има понуда за
продолжување на соработката, тој барем засега се уште не донесол финална одлука
по тоа прашање.
39 годишниот Дани
Алвеш се врати во Барселона, меѓутоа секако дека не може да се очекува од него
да го игра секој натпревар.