166
Дембеле влезе во игра во текот на второто полувреме, брзо потоа постигна гол, а во самиот финиш асистираше до Лук де Јонг и Депај. Барселона го победи Атлетик Билбао со 4-0.
По одличниот натпревар на Дембеле, Чави беше запрашан дали тој би можел сепак да остане во Барселона.
„Дали Дембеле може да остане? Тоа не е моја работа, нема да зборувам за тоа. Тоа е работа на Дембеле и клубот“, вели Чави.
„Тој е голем професионалец и секогаш сум застанувал во негова одбрана. Денешната игра на Дембеле, секогаш сакаме да ја гледаме“.