Првото засилување
за Чави ќе биде изненадување, на Камп Ноу се враќа 38 годишниот Дани Алвеш. Неколку
извори од Шпанија пренесуваат дека Чави на кантар ги ставил добрите и лошите
страни од еден ваков трансфер и на крајот дал зелено светло за ангажман на
десниот бек.
Сега
раководството на Барселона го финализира договорот на Бразилецот. Тој е свесен
за тешката финансиска состојба на клубот како и ограничувањата поради финансискиот
фер-плеј па прифатил да игра за ситни пари.
Нејасно е кога
тој ќе може да дебитира, едни извори велат дека Дани Алвеш ќе биде на располагање
од 1. јануари, додека пак други говорат за дупка во правилата и можност десниот
бек да биде во конкуренција веќе на дербито со Еспањол следниот викенд.