Чави: Беше спектакуларно, бевме супериорни, можевме да дадеме уште голови

by
1 минути читање

Барселона синоќа ги изненади сите со победата над Реал Мадрид од 4-0, дури и самите каталонци се изненадени од тоа што го направија.

„Многу сум среќен, задоволен и среќен поради тоа што знам што претставува оваа победа за сите во Барселона, ова може да ја промени динамиката на нашата иднина“, вели Чави.

„Игравме со голема самодоверба и мотивација. Побарав од моите фудбалери да не губат глупави топки бидејќи Реал Мадрид живее од тоа. Го контролиравме натпреварот, бевме добри во високиот притисок и ги освојувавме топките на полето на противникот. Мислам дека бевме многу посупериорни од Реал Мадрид, фудбалерите одиграа комплетен натпревар и мислам дека можевме да постигнеме уште голови“.

„Многу сум горд, многу сум среќен, ова е ден во кој фановите на Барселона уживаат. Немавме многу време за радости во последниот период, особено не на дуелите со Реал Мадрид. Сега треба да прославиме. Многу сум среќен, особено за фудбалерите“.

„Ова не беше перфектен меч, но беше спектакуларен, можеме да кажеме дека се враќаме“.

„Ова не е моја лична победа, ова е победа на групата, Барселона е фамилија“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×