Чави бара од Барселона да му го продолжи договорот на Дембеле по секоја цена

by
1 минути читање

Поранешниот
легендарен фудбалер на Барселона, Чави Ернандез и официјално е презентиран во
нов тренер на Каталонците, а една од темите на кои тој дискутираше на првата
пресконференција беше ситуацијата со Осман Дембеле.

Поточно, се
работи за договорот на 24 годишниот Французин кој истекува идното лето, а во
клубот постои големо сомневање во него, најмногу поради честите повреди, но и
прашањето околу дисциплината.

Дембеле мора да
продолжи во Барселона, тоа е многу јасно за мене
“ рече Чави.

Тој може да биде
најдобриот фудбалер во светот на својата позиција како крило, а ние треба да му
помогнеме за тоа да го постигне, тој е фудбалер кој може да направи разлика во
Барселона, продолжувањето на неговиот договор е приоритет
“ додаде тој.

Треба да му
помогнеме за да не му се случуваат тие повреди, мораме тоа да го спречиме

заклучи Чави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани