Чалханоглу во Милан пристигна од Баер Леверкузен во 2017 година, а ова лето замина во Интер како слободен играч.
„Нормално е фановите да се вознемирени, но јас не сум првиот кој го направил ова, а нема да бидам ниту последниот, многу фудбалери од Милан отишле во Интер и обратно“, вели Чалханоглу.
„Сакав само да погледнам во мојата иднина. Направив многу за Милан во изминатите четири години, ги почитувам сите, но сега имам ново поглавје воо Интер и гледам позитивно на тоа“.
Турскиот фудбалер никогаш не ги освои фановите на Милан.
„Пиоли беше единствениот кој навистина ме сакаше во Милан. Зборував со него многу пати, но тој ја почитуваше мојата одлука и ми посака се најдобро“.
„Се се случи многу брзо, добиив повеќе повици од директорот Пјеро Аусилио и тренерот Симоне Инзаги. Кога луѓето ќе ти покажат дека те сакаат во нивниот тим, тоа прави да сакате да отидете таму“.