Чалханоглу сака да остане во Милан, но агентot веќе го нуди на други клубови

by
1 минути читање

Преговорите околу
Хакан Чалханоглу и Милан околу продолжување на соработката помеѓу обете страни,
односно нов договор на Турчинот се чини дека течат доста комплицирано, а „Кориере
дела Сера“извести дека агентот веќе почнал да го нуди својот фудбалер на повеќе
клубови.

Се верува дека
Манчестер јунајтед е еден од најзаинтересираните клубови за потписот на
фудбалерот од средниот ред чиј договор со Милан истекува идното лето.

Преговорите
помеѓу Милан и Чалханоглу не одат во позитивен правец најмногу поради
несогласувањата околу личните услови на фудбалерот кој бара 6 милиони евра
годишна плата, а од клубот досега му било понудено далеку од неговите барања,
односно 2.5 милиони евра.

Како и да е, се
шпекулира дека првичната идеја на Чалханоглу е да остане во Милан, барем таква
е неговата желба, а од клубот се надеваат дека преговорите ќе се пренасочат кон
една позитивна насока за фудбалерот кој запиша четири погодоци и исто толку
асистенции во 10 настапи во сите конкуренции, на крајот и дефинитивно да остане
на подолг рок во Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×